Македонија со најсовремен центар за обука на пилоти во регионот

02.03.2014 15:44

Македонија доби современ и единствен од таков вид во регионот, Центар за обука на пилоти, којшто македонската Влада и Министерството за одбрана го градеа заедно со израелската компанија „Елбит“

Идните пилоти , чувари на македонското небо,  ќе се обучуваат во Ценратот за обука со најсофистицирана опрема , симулатори за летање на хеликоптерите Ми-17 и Ми-24. Обуките ги спроведува професионален тим инструктори од Македонија и од Израел, според оксфордска програма. 

Отсега, па натаму,најистрајнитер, најквалитетните и најпосветените ќе можат да го остварат својот сон тука, во Република Македонија, во овој Центар за обука за пилоти, рече претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов.

Обуката трае три семестри,период во кој се учат основните вештини во летањето. 

Теоретската обука ќе се спроведува со користење на најсовремени наставни помагала, потоа ќе следува обука со реално летање на воздухоплови, како и завршна обука со летање на симулатори, нагласи  министер за одбрана Талат Џафери.

Центарот за обука за пилоти отвара нови можности за идна соработка и ќе ја постави Македонија на меѓународната мапа на обезбедувачи , на обука за воени пилоти , потенцираше  Нихилис Бацален , директор на „ Елбит системи“.

Центарот за обука е заеднички проект на Министерството за одбрана и на израелската компанија ЕЛБИТ системи кои во 2010-та потпиша  договор за јавно приватно партнерство. Со него  Македонија се обврза да вложи  43 милиони евра, додека „Елбит“ треба да изведе обука на 52 –ца пилоти, да купи 4 хеликоптери од типот бел 206 и да изгради најсовремен центар за обука. Македонскиот центар за обука на пилоти  е претставен во НАТО и ги исполнува највисоките стандарди на алијансата. 

Дополнително , Центарот ќе биде промовиран на сите заинтересирани земји кои ќе пројават интерес да школуваат свои кадри и свои пилоти. Ваквата презентација е со јасна тенденција, нашиот Центар за обука на пилоти да прерасне во препознатлива институција во воздухопловната заедница во Југоисточна Европа , но и пошироко , рече  претседател на владата на Република Македонија, Никола Груевски

Селекцијата е строга. Досега беа спроведени три конкурси. Наскоро  обуката  ќе  ја заврши првата генерација. Во тек е селекцијата за полициски пилоти.   

Наташа Гркова-Петрушевска