Неготино го додели 100 – тиот ваучер за новороденче

02.03.2014 16:06

Неготино е една од неколкуте општини кои за да го стимулира наталитетот, исплаќа еднократна помош за секое новороденче. Родените 100 бебиња во последните шест месеци , за локалната власт е поттик дека заедно со националната кампања за многудетни семејства проблемот со наталитетот ќе се надмине.

Ана  е мајка на две деца. Разликата во години не е голма,  она што е различно, вели таа  е грижата на општина Неготино за секое новороденче. Кога ја родила ќерката од општната недобила ништо,  сега два месеци по раѓањето на Лео семејството Андонова  е едно од 38 кои добија  вредносен  ваучер.

„Ќе ги ставиме на штедна книшка да му стојат за спомен да знае голем кога ќе порасне“, рече Ана Андонова

Со делење на вредносни ваучери за секое новородено дете,   Неготино е дел од  националната кампања за зголемување на наталитетот.  Во последните шест месеци  поделени се  100 ваучери. Гледано низ бројки реално е да се очекува оваа година општината  да има зголемен наталитет.

„Ние тука нема да застанеме, ќе ја следиме  владината политика за зголемување на наталитетот  преку се повеќе мерки“, рече Ванчо  Апостолов.

Намалениот  наталитет  е глобален проблем.Експертите велат штом  во државата се  подобри економската состојба решенијата сами по себе ќе си дојдат.Дека работите се менуваат доказ е зголемениот број на многудетни семејства.