Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ денеска во 19 часот

20.12.2018 11:16

Од опозициската партија најавуваат дека од 19 часот ќе маршираат од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија.

Вечер ВМРО-ДПМНЕ на нов протест. Од опозициската партија најавуваат дека од 19 часот ќе маршираат од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија.

Граѓаните се гушат во загаден воздух, платите се ниски, трошоците за живот се зголемуваат, земјоделството е запустено, нема инвестиции во образованието, ова според ВМРО-ДПМНЕ се дел од причините поради кои сметаат дека граѓаните треба да излезат и да го поддржат протестот.