Северна Кореја нема еднострано да се откаже од своето нуклеарно оружје
20.12.2018 11:51
Соопштението доаѓа во момент кога разговорите меѓу САД и Северна Кореја за денуклеаризација се во ќор-сокак.

Северна Кореја соопшти дека нема еднострано да се откаже од своето нуклеарно оружје, додека САД први не ја укинат нуклеарната закана. Соопштението доаѓа во момент кога разговорите меѓу САД и Северна Кореја за денуклеаризација се во ќор-сокак.
Изјавата предизвика дополнителни сомнежи дали севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун некогаш ќе се откаже од нуклеарниот арсенал. Ким и Трамп се сретнаа во Сингапур во јуни, по што најавија целосно нуклеарно разоружување на Корејскиот Полуостров.
