Ранет економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља

21.12.2018 11:07

Повредата била во пределот на десната потколеница. Повредениот Беља е згрижен во градската болница „Свети Наум Охридски“.

Повреден економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, по истрелите кои вчера се случија во скопско Топанско поле, општина Чаир. Повредата била во пределот на десната потколеница. Повредениот Беља е згрижен во градската болница „Свети Наум Охридски“.

Министерството за внатрешни работи информира дека презема мерки за расчистување на вчерашниот настан во кој едно лице беше повредено во пукотници во скопски Чаир.

На 20.12.2018 година во 17,45 часот било пријавено дека на улица „Лазо Трповски“ во Скопје било пукано во В.Б.(40) од Скопје. Според пријавеното, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н. . В.Б е пренесен во Градска општа болница “Св.Наум Охридски”. Извршен е увид на местото на настанот. Известен е јавен обвинител, информираат денес од полицијата.