ВМРО-ДПМНЕ: Откако СДСМ е на власт, насилство владее на улиците
Тоа го докажува и вчерашниот случај со ранувањето на директор во скопска Гинекологија, велат во опозициската партија...

Насилство владее на улиците низ земјава, откако СДСМ е на власт, а Спасовски е во коалиција со криминалот, обвинуваат во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го докажува и вчерашниот случај со ранувањето на директор во скопска Гинекологија, велат во партијата.
„Од каде толку оружје и од каде толкава сигурност на бандитите во главниот град за да може да пукаат кога сакаат и каде сакаат? Дали се ова истите оние кои ја прославуваа изборната победа во Чаир со истрели од калашникови, а Спасовски се правеше дека не ги гледа и не презеде ништо? Дали се ова групите за кои што заменик министерот Агим Нухиу кажа дека биле подготвени со оружје да влезат на 27-ми април во Собранието, а Спасовски повторно се правеше дека не ги видел“, изјави Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Спасовски и СДСМ ја зацрнија полицијата коалицирајќи со криминалот. Жртва може да биде секој еден недолжен минувач, наше дете, брат, сестра, родител или комшија. МВР под раководство на Спасовски не може да си ја исполни својата основна должност, а тоа е зачувување на јавниот ред и мир- велат од опозициската партија.
