ИЗВЕСТУВАЊЕ

25.12.2018 15:19

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја известува јавноста дека на ден 26.12. 2018 година е објавен Јавен повик 02/2018 за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 се наменети за следнaта меркa:

 

  1. Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанстава

 

Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 11. 883.772,00 евра или 730.792.598,00 денари

 

Крајниот рок за поднесување на барањата е 09.02. 2019 година.

 

      Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 може да се превземат на веб-страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање. (Листата на регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството со податоци за контакт е објавена на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk).