Сара Ристовска и Емил Павлов се Спортисти на Македонија за 2018

27.12.2018 10:23

Емил Павлов е европски шампион до 60 килограми, освои злато на ЕП во Нови Сад, а Ристовска имаше успешна година со Вардар, Крим и нашата селекција.

Агенцијата за млади и спорт ги прогласи ракометарката и каратистот за наши најдобри спортисти во изминатата година.

Емил Павлов е европски шампион до 60 килограми, освои злато на ЕП во Нови Сад, а Ристовска имаше успешна година со Вардар, Крим и нашата селекција.

Ракометните селекции, женската и машката, ги добија наградите за најуспешни репрезентации во 2018 година.

Кирил Лазаров беше прогласен за најдобар македонски спортист во странство.