Спортистите ќе ги видат парите од ваучерите на 31-ви јануари

28.12.2018 14:57

За спортските федерации ќе бидат издвоени околу 2 милиона евра, за клубовите околу 3 милиона, а за индивидуалците околу 1 милион евра во денарска противвредност. Законот се уште се пегла и се доработуваат деталите.

Директорот на АМС и координативното тело што го подготвува законот за финансирање на спортот во РМ, со т.н. ваучери кои што ќе може да се наплаќаат од фирмите, кои што пак ќе бидат ослободени од данок за средствата што ќе ги издвојат, соопштија дека на крајот на следниот месец ќе бидат поделени средствата.

За спортските федерации ќе бидат издвоени околу 2 милиона евра, за клубовите околу 3 милиона, а за индивидуалците околу 1 милион евра во денарска противвредност. Законот се уште се пегла и се доработуваат деталите.

Во однос на тоа кој ќе добие средства, ќе зависи од условите што треба да се исполнат. Се бара формула што би ги ставила сите субјекти во подеднаква положба, со цел да нема предност или подреденост при поделбата на парите, вкупно околу 6 милиони евра.

Во преден план ќе избијат сериозните организации кои што континуирано учествуваат на меѓународни натпреварувања и имаат добра структура, односно резултати. Списокот со добитниците ќе биде соопштен по 10-ти јануари.