МАЛИ

Убиени 10 припадници на мировна мисија на ОН

21.01.2019 11:25

Џихадисти поврзани со Ал Каеда убиле 10, а повредиле најмалку 25 припадници на мировна мисија на ОН во северниот дел на Мали.

Сите жртви биле од Чад. Обединетите Нации го осудија нападот кој се смета за еден од најсмртоносните врз мировната  мисија во последните неколку месеци.  Во соопштението се наведува дека при одговор на нападот биле убиени и неколку џихадисти.