„Штаермеркише шпаркасе“ ја презеде „Охридска банка-Сосиете женерал“ за 52 милиона евра
За 52 милиона евра австриската банкарска групација ,,Штаермеркише-Шпаркасе“ купи три четвртини од Охридска банка-Сосиете женерал.

Одобрение за зделката треба да дадат регулаторите : Европската централна банка,Народната банка,Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Сава Далбоков-„Штаермеркише шпаркасе банка“ – Грац
,,Со новото име на државата ова е речиси прва инвестиција на меѓународен инвеститор што доаѓа сега во земјата.Присутен е но сега тоа е еден сигнал, се надевам и за пошироката меѓународна јавност и бизнис заедница дека на базата на тој развој гледаме инвестициски потенцијал во земјата.Се надеваме дека тоа ќе ги поттикне и мотивира и другите инвеститори ,може и да се банки не е проблем, но и во реалната економија да ги донесат своите пари и да инвестираат и тие во Македонија.“
Според регулативата австриската банка треба да упати јавна понуда за купување и на акциите на малцинските акционери, кои поседуваат 25 насто од акционерскиот капитал на ,,Охридска банка-Сосиете женерал“. Веќе е најавена цена од 6300 денари за акција.
Георг Бухер-„Штаермеркише шпаркасе банка“ – Грац
,,Претстои еден период од 6 до 9 месеци во кој што очекуваме да ги добиеме повратните одговори од локалните регулатори, пред се Централната банка,Комисијата за заштита на конкуренцијата и останатите надлежни институции , што очекуваме да се заврши најдоцна до четвртиот квартал на оваа година.“
Централата од Грац најавува брзо спојување и кон средината на 2020-та ќе има една банка во земјава,со едно седиште и еден менаџмент.Австриската банка со преземањето на Охридска банка и заедно со Шпаркасе банка Македонија ќе биде четврта по големина банкарска групација во земјава, со вкупна актива од околу милијарда евра.
Свето Николовски
