УХМР

Утринската температура поволна за насадите

04.03.2019 11:05

Последниот студен бран што ја зафати земјава минатиот викенд и негативните утрински температури и кои беа присутни подолго време позитивно влијаеа врз земјоделството. Тоа ги оддржува во мирување и ги заштитува растенијата и насадите од предвременото цветање.

Опасност од мраз се уште има поради што и ниските утрински температури се добредојдени за мирување на овошните и лозовите насади.

Според агрометеоролот  Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи колку подоцна почне цветањето, толку е поголема и можноста за поголем и квалитетен род.

Состојбата со влагата во површинскиот слој на почвата уште е недоволна  и не дозволува нормално прихранувањето на есенските посеви со азотни минерални ѓубриња.

Во текот на оваа недела се очекува стабилизирање на времето без поголеми врнежи со постепен пораст на дневните температури, па таквото време земјоделците можат да го искористат за работа на отворено, во лозарството и во овоштарството, но и во раноградинарството во пластениците каде потребите од дополнително загревање се намалуваат, заради позитивни утрински температури и постепениот пораст на дневните кои треба да се искачат до скоро 18 степени.

Засега за овошките и виновата лоза оценките за презимувањето се позитивни, единствено поради доцнета сеидба и малиот развој проблеми се чуствиваат кај есенските посеви, а во овој период и прихраната ќе нема голема корист.