Белешки за заштита на податоци

04.04.2019 14:41

Информациите што следуваат служат да ве информираат на вас како учесници во телевоутингот (телефонско гласање) на Песна на Евровизија за тоа како ќе се обработуваат Вашите лични податоци од наша страна и за Вашите права според законот за заштита на податоци.

Кој е одговорен за обработка на податоците и со кого можам да контактирам?

Вашиот контролор е

дигаме мобиле ДОО

Шанценштрасе бр. 38

Д-51063 Келн

Германија

Можете да го исконтактирате службеното лице за заштита на податоци на

[email protected]

 

Кои извори и податоци ќе ги користиме?

Ќе ги обработиме само личните податоци кои ќе ги добиеме кога ќе гласате или по телефон или по СМС порака преку врските обезбедени од Вашиот оператор за фиксна или мобилна мрежа.

При тоа, ќе ги прибереме само овие категории на податоци од Вас:

  • Телефонскиот број на Вашиот мобилен (МСИСДН – дигитален мрежен број за интегрирани услуги на мобилна станица)
  • Датумот и времето кога сте учествувале во гласањето
  • Името на Вашиот оператор за фиксна или мобилна мрежа
  • Видот на договор со мрежниот оператор кој го имате (припејд, постпејд)

За што ќе бидат обработени Вашите податоци (целта на обработката) и што е законската основа за ова?

Ќе ги обработиме личните податоци во согласност со правилата на Општата уредба за заштита на податоците (ГДПР) и Германскиот федерален закон за заштита на податоци (БДСГ) и ќе ја земеме предвид рамнотежата на интересите (Член 6 Параграф 1 (ф) ГДПР).

 

Кому ќе му бидат пренесени моите податоци?

Во компанијата, Вашите податоци ќе им бидат достапни на одделенијата на кои им се потребни за да ги исполниме нашите договорни и законски обврски. Провајдери на услуги и придружни агенти кои работат за нас може да ги добијат податоците за такви цели ако се обрврзат да ги почитуваат тајноста и интегритетот. Тоа би можеле да бидат провајдери на ИТ-услуги или телекомуникации.

Нема да има пренос на лични податоци надвор од нашата компанија. Додека ние не сме организатори на телевоутингот на Песна на Евровизија – тоа е Европската радиодифузна унија, Ансиен Рут бр. 17А, ЦХ – Гранд Саконе (Женева), Швајцарија – според законот за заштита на податоци, ние сме контролори на податоците како што е дефинирано во Член 4 (7) ГДПР што се однесува на телевоутингот. Ова е затоа што ќе им ги доставиме на Европската радиодифузна унија само анонимните резултати од телевоутингот.

 

Дали податоците ќе бидат пренесени на трета земја или меѓународна организација?

Нема да има пренос на Вашите горенаведени податоци на трети земји.

 

Колку долго ќе се чуваат моите податоци?

Ќе ги обработиме и чуваме Вашите податоци онолку колку е што е потребно да ги исполниме нашите договорни и законски обврски.

Штом податоците веќе нема да бидат потребни за исполнување на нашите договорни и законски обврски, ќе бидат регуларно избришани освен ако не е потребна дополнителна обработка – за ограничен временски период – за следните цели:

  • Исполнување на обврски поврзани со трговски и даночни закони,
  • Германскиот трговски закон (ХГБ), Даночен закон (АО), Закон за перење пари (ГвГ). Овие закони обично наведуваат дека рокот за чување за архивирање и процеси на документирање се движи од две до десет години.

 

Какви права за заштита на податоците имам?

Секој учесник во телевоутингот има право на информации според Член 15 ГДПР; право на корекција според Член 16 ГДПР; право на бришење според Член 17 ГДПР; право на забрана за обработка според Член 18 ГДПР, право на приговор според Член 21 ГДПР и право на преносливост според Член 20 ГДПР.

Згора на ова, имате право да поднесете поплака кај надгледното тело за заштита на податоците (Чл. 77 ГДПР).

Секоја согласност која ќе ја дадете за обработка на Вашите лични податоци од наша страна може да биде повлечена во секое време. Запомнете дека повлекувањето на согласноста ќе важи само за во иднина. Обработката која се случила пред повлекувањето на согласноста

нема да биде погодена од тоа.

 

Дали сум обврзан/а да дадам податоци?

Мора да ги дадете горенаведените податоци за да учествувате во телевоутингот.

 

Дали се случува некакво автоматско носење на одлуки?

Во принцип не користиме процеси за автоматско носење на одлуки според Чл. 22 ГДПР кога почнуваме, вршиме или завршуваме со деловен однос. Исто така не користиме профилирање.

 

Имам ли право на приговор?

 

Информации за Вашето право на приговор според Чл. 21 ГДПР

 

Право на приговор во одреден случај

Имате право на приговор, врз основа на Вашата посебна ситуација, во секое доба од  обработката на личните податоци поврзани за Вас што се содржи во Точка (ф) од Чл. 6 Параграф 1 ГДПР (обработка на податоци земајќи ја предвид рамнотежата на интереси).

Ако поднесете приговор, веќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци освен ако не докажеме силни законски основи за обработката кои ќе ги надминат Вашите интереси, права и слободи или за утврдување, уживање и одбрана на законски тврдења.

 

Примател на приговор

Може неформално да поднесете приговор со наслов „Приговор“, заедно со Вашето име, адреса и датум на раѓање на адресата:

 

дигаме мобиле ДОО

Шанценштрасе бр. 38

Д-51063 Келн

Германија

Тел.: +49 221 59 68 88 80

[email protected]