СКОПЈЕ
Се преземаат мерки за откривање на сторителите
16.04.2019 14:42
Во врска со вчерашниот вооружен грабеж на експозитурата на НЛБ банка во Чаир , Основното јавно обвинителство соопшти дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издал наредби за вештачење на материјалните траги пронајдени на лице место, како и за обезбедување снимки од видео надзор.

Од своја страна МВР соопшти дека по насоки на јавниот обвинител, министерството за внатрешни работи презема активности за утврдување на идентитетот на сторителите, велат во дописот што го испратија од службата за односи со јавноста на обвинителството .
