Изборен материјал
ДИК најдоцна до утре треба да го предаде изборниот материјал за претседателските избори и предвремените локални во три Општини. Според роковникот на ДИК, материјалот се предава најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за избори.

Утре на полноќ истекува и рокот во кој избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор можат да се пријават до општинските изборни комисии.
Тие, како и болните и изнемоштени лица, внатрешно раселените и лицата кои се наоѓаат во казнено поправните установи гласаат на 20 април, ден пред одржувањето на изборите. На 20-ти ќе гласаат и избирачите кои на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство.
Во текот на утрешниот ден во ДИК ќе гласаат членовите на избирачките одбори во дипломатско-конзиларните претставништва и тоа во периодот од 7 до 19 часот.
