ПАРИ

Продолжен рокот за поднесување барања за субвенции

03.06.2019 10:43

За еден месец е продолжен рокот до кога земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции за 2019 година. Барателите наместо до 30 мај сега ќе можат сами електронски или преку подрачните единици на министерството да ги доставуваат барањата до 30 јуни. Сточарите треба да имаат и евиденција за бројната состојба на животните.

Земјоделците можат да поднесуваат барање за субвенции до 30 јуни годинава.

Барањата се поднесуваат по електронски пат.  Доколку имаат потреба од помош земјоделците можат да ја побараат во подрачните единици на министерството.

Пријавувањето се однесува за директните плаќања за растителното производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи и живина.

Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентираните парцели со состојбата заклучно до 15 март 2019 година.

Ва сточарското производство барањата за субвенции се поднесуваат врз основа на евидентираните животни заклучно со бројната состојбата на денот на поднесување на барањето и ажурирање на нивниот број во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.