Муслиманите слават Рамазан Бајрам
Муслиманите денеска го одбележуваат Рамазан Бајрам, со кој завршува месецот на пост и откажување.. Се слави три дена..

Бајрам е и празник кој потсетува и упатува на вредностите на семејниот живот, заедништвото и љубовта кон блискиот.. Муслиманите покажуваат солидарност кон другите луѓе, без разлика дали се муслимани или се од друга вера.. По повод Рамазан Бајрам, честитка до граѓаните со исламска вероисповед и до поглаварот на исламската верска заедница Реис–ул–Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, упати претседателот Пендаровски.. Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот за сите граѓани и да изградиме едно општество за сите, пример за идните наши генерации.. Со овој голем празник се означува крајот на едномесечниот пост во кој секој верник искрено го отвора срцето за верата и љубовта, наведува Пендаровски во честитката..
