СКОПЈЕ
Борисов утре доаѓа во Скопје
31.07.2019 14:10
Бугарскиот премиер Бојко Борисов утре ќе престојува во посета на Скопје.

Заедно со премиерот Зоран Заев ќе ја одбележат двегодишнината од договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Борисов и Заев ќе имаат средба на која ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план. Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „св. Спас“ во Скопје. Предвидено е Борисов да се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски. Во Дојран, Борисов и Заев ќе го откријат и споменикот на полковник Константин Каварналиев.
