СКИЈАЊЕ

По осумгодишна доминација, Хиршер во пензија

05.09.2019 22:17

Доминираше во последните осум години во светското скијање, беше неприкосновен во Светскиот куп, освојуваше медали и на Светските опрвенства и на Олимписките години и на 30 години реши дека е доста.

Еден од најдобрите скијачи на сите времиња, Марсел Хиршер замина во пензија.

„Не е преголемо изненадување, чувствувам дека телото ми е преморено по 12 години големи напори. Сакав да се повлечам како шампион, секогаш сум велел дека треба да се каже збогум кога се уште сте во можност да победувате, а не кога кариерата оди во надолна линија. Размислував на оваа тема уште во 2012-та година, тогаш решив да продолжам, но сега е крај“, на овој начин Австриецот го објави пензионирањето.

Во кариерата, Хиршер оствари 67 победи во Светскиот куп и е на трето место на вечната листа зад легандарниот Ингемар Стенмарк со 86 и Линдѕи Вон со 82.

Од 2012-та до 2019-та, Австриецот седумпати по ред беше најдобар во вкупниот поредок во Светскиот куп и притоа освои уште 13 мали кристални глобуси во слалом и во велеслалом. Марсел Хиршер беше специјалист за техничките дисциплини, па во нив се закити со најголем број од 14-те медали на врвните натпреварувања, 11 на Мундијалите, три на Олимпијадите, заедно девет златни и пет сребрени.