Прва жена на Месечината во 2024 година
Точно 50 години по првата мисија на Месечината, чиешто име беше „Аполо“, НАСА конечно ќе ја испрати и првата жена која ќе зачекори на Месечината во 2024 година.

Симболично, оваа мисија НАСА ја нарече „Артемида“, според името на грчката божица на Месечината. Сега, таа го персонифицира патот до Месечината како име на програмата на НАСА за враќање на астронаутите на лунарната површина до 2024 година, вклучувајќи ја и првата жена и следниот маж. Кога ќе слетаат, американските астронаути ќе стапнат таму каде што никој досега не бил: Јужниот пол на Месечината.
Експертите од НАСА истакнале дека се обврзале првата жена на Месечината да ја испратат до 2024-та година и со тоа да ги слават жените лидери.
Во говорот на неодамнешниот настан кој го организирале во чест на женското претставништво, Џим Бриденстин, претставник од НАСА укажал дека неговата ќерка му била мотивационен фактор и дека жените во иднина ќе одат на Месечината.
„Јас имам 11-годишна ќерка. Сакам себе да се види како некој кој би имал можност каква што и јас сум имал“ - изјавил тој.
НАСА го најави својот план откако доби одобрение за поголем буџет од оригиналниот, па така агенцијата за вселенски мисии ќе може да ја оствари оваа мисија во 2024, наместо во 2028 како што беше првичниот план.
Директорот на НАСА е мотивиран и уверен дека агенцијата ќе успее да заврши сè во предвидениот рок.
