ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Откриен редок ген за вкус

10.09.2019 11:08

Научниците тврдат дека можат да го подобрат вкусот на патлиџаните што ги купуваме низ супермаркетите, откако го откриле реткиот ген поврзан со вкусот.

Патлиџаните од супермаркетите можат да бидат многу повкусни, ако му се верува на новото истражување кое го идентификувало реткиот ген кој е посебно поврзан со вкусот, пишува ,,Индепендент,,. Имено, во тек на процесот на доместификација, комерцијалните производители на патлиџани преферирале особини како што се, поголем принос, рок на траење, отпорност на болести и отпорност на стрес. Меѓутоа, сето тоа било на штета на другите гени кои изразувале и важни својства како што е вкусот. По завршувањето на истражувањето на пан-геномот  на патлиџанот кој ги вклучува сите гени од 725 различни култивирани сорти и нивните блиску поврзани диви сродници, научниците се уверени дека повторно можат на произведуваат култивирани патлиџани кои би биле вкусни како нивните диви сродници.  Но, иако култивираните патлиџани имаат широк распон на сорти, тие имаат тесна  генетска база, покажува истражувањето. Мапирани се речиси 5000 нови гени и идентификувана е ретка варијанта на генот наречен ТомЛоксЦе, кој е задолжен за вкусот на патлиџаните. Присутен е во 91,2 проценти во дивите патлиџани, но само во 2,2 одсто во старите домистицирани патлиџани.

,,Ретката варијанта  на ТомЛоксЦе сега има фреквенција од седум одсто во модерните сорти патлиџани, такашто очигледно производителите почнале да бираат, најверојатно затошто во последните неколку декади беа фокусирани на вкусот,, изјавил професорот Џејмс Џованиони  БРТ Институтот од Итака, Њујорк. Овој ген истотака ги произведува и спојувањата на вкусови од каретоноидите, кои се пигменти кои му ја даваат црвената боја на патлиџанот. Научниците велат дека производителите би можела да ја употребат оваа генетска информација за да го подобрат вкусот и на овошјата купени во продавниците. Пар-геномот  во суштина ја  осигурува спремноста за акција на дополнителните гени кои не се присутни во референтниот геном. Земјоделците можат да го истражат пан-геномот за гените кои ги интересираат и потенцијално да ги одобрат за понатамошно производство со што би се подобрил вкусот на патлиџаните.