КУЛТУРА

Нови училишни списанија

10.09.2019 11:16

Едукативни содржини за учениците

Низ приказна, песна или гатанка на лесен и непосреден начин, со цел да му се овозможи на ученикот  нови знаења, се создаваат и креираат содржините на литературното списание Росица, следејќи го принципот на учење низ игра. Доаѓа есен, време е за училишните списанија: „Росица“, „Другарче“, „Развигор“ и „Наш Свет“.

„Веруваме дека и оваа  година ќе понудиме списанија кои со нетрпение ќе се очекуваат во секоја училница. Сите теми се одбрани според соодветната возраст и  целосно се прилагодени според наставната програма”, изјави Ксенија Маказлиева – Трајчева уредник во “Просветно дело”

Следејќи го трендот, содржините се внимателно одбрани, со голема доза на инспирација, фантазија и пред сé желба за современо издание, почнуваат авантурите на убавиот пишан збор.

Подготви Анита Никушева – Јованчев – новинар