ОДБОЈКА

Одличен сет против Русија и очекуван пораз

15.09.2019 18:32

Македонија - Русија 0:3 (15:25, 15:25, 28:30)

Сосема очекувано, македонските одбојкари загубија од Русија во три сета во третиот натпревар на Европското првенство. Актуелниот освојувач на годинашната Лига на нации, како и бранител на континенталната титула, одигра два лесни сета против нас, а потоа во третиот имавме две сет топки, па сепак "зборнаја" ја искористи петтата со што ја забележа третата победа. Кас нас, Никола Ѓорѓиев заработи 12, Милев 7, Љафтов 7, Маџунков 4, Николов 3, Деспотовски и Михаилов по 1 поен. Кај Русија, Волвич, Волков и Михаилов освоија по 11. Русите освоија 15 поени од блок. 

Нашата репрезентација денеска одмора, а утре ќе игра со Белорусија. Се уште постојат математички шанси за пласман во осминафиналето иако тоа не ги оптоварува македонските одбојкари коишто се насочени само кон добар настап против Белорусите. Во вторник ќе се сретнеме со Словенија.