КУЛТУРА

Струмица- ЛУБ „Благој Јанков Мучето“

27.09.2019 10:31

Во светот на книгата и убавиот пишан збор, ако патот ве води во Струмица и се прашувате што да посетите во овој дел од нашата убава земја, Храмот на книгата -библиотеката „ Благој Јанков Мучето“ ги отвори вратите кои славниот Видое Подгорец ги постави како темел на една од најстарите и најбогатите ризници во земјава и во Европа.

Со долга традиција, основана е во далечната 1946 година- во својот богат фонд на книги библиотеката ја има и најстарата книга во своето оригинално издание од 1885 година.

...„ Се наоѓаме на најубавото место во Стумица- во центарот на градот. Нашиот најмлад читател има само 3 години, а највозрасната читателка има 89 години. Се трудиме да го следиме трендот на новите наслови и вкусот на нашите читатели“, изјави Тања Гошева-директор на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“

Од место за позајмување на книги, денес се трансформира и во информативен центар со безброј можности- посветени пред се на новите наслови, следејќи го трендот на се ново што сакаат младите. Повеќе од 70 години ја пишуваат убавата Струмичка приказна како темел на писменоста.

 

Новинар:Анита Никушева-Јованчев