„Гугл“ е пријател на сите, посебно на работодавците
04.03.2014 09:33
80 проценти од работодавците, ќе го „прогуглаат“ Вашето име и ќе ги прегледаат резултатите пред да Ве повикаат на разговор за работа, пишува „Хафингтон Пост“.
Ако не најде нешто што се поклопува со информациите од биографијата која сте му ја испратиле, работодавецот најверојатно нема да Ве повика на разговор.
Добар пример за тоа е Линкедин профилот, кој треба да го ажурирате пред да ја испратите својата биографија и тој нека ги содржи истите инфомрации што ги пишува во Си-Ви-то.

Вака вообичаено, според „Хафинфтон“, изгледа процесот на носењето одлулка дали да Ве повикаат на разговор:
1. Примените биографии се делат на две групи. Оние кои ќе бидат разгледани и оние кои не ги задоволуваат критериумите.
2. Тука настапува „Гугл“. „Избраните“ од првата група се проверуваат и се сортираат во три нови подгрупи: „веројатни“ кандидати, „помалку веројатни“ и „одбиени“.
3. „Веројатните“ кандидати се споредуваат, по што би можел да следи кус телефонски разговор со нив.
4. По разговорот се одбираат кандидатите кои ќе бидат повикани на интервју.