СИРИЈА

Турските трупи ја преминаа границата

09.10.2019 13:28

Иран почна воена вежба на границата со Турција

Турската војска влезе во Сирија, но ќе се задржи привремено, тврди советник на претседателот Ердоган. По повлекуавњето на американските трупи, Анкара почна подготовка за офанзива на североистокот на соседна Сирија. Во исто време, Иран со ненајавена вежба на границата со Турција. Обедиентите Нации бараат воздржаност од сите страни.

Турските трупи влегоа во североисточна Сирија за да ги принудат курдските милитанти да се повлечат од граничната зона. Војската е распоредена на два пункта во близина на сириските градови Тал Абјад и Рас ал-Аин, во рамките на подготовките за пошироката офанзива. Силите ќе останат привремено – тврди Фахретин Алтун, советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Владата во Анкара планира да создаде „безбедна зона“ без курдски борци во која ќе се смести дел од сириските бегалци кои ги прифати. На нејзина територија влегле 3.6 милиони лица кои бегаат од конфликтот. Распоредувањето на опремата и мобилизирањето на војската почна по одлуката на САД да ги повлече своите трупи. Неочекуваниот потег на Трамп го критикуваат и Пентагон и Стејт департментот бидејќи, според нив, тој ја загрозува безбедноста на Курдите кои се сојузници на американските сили. Турција ги смета за терористичка група.

Руското МНР порача- амбициозниот став на Вашингтон за Сирија е доказ за неговата неспособност да преговара. 

Сергеј Лавров - Министер за надворешни работи на Русија

Доналд Трамп многупати изјави дека ќе ги повлече војниците од Сирија и до друг земји. Но луѓето кои требаше да го спроведат планот исчезнаа. Не ја исклучувам можноста истото да се случи и сега. Американците мора да сфатат дека процесите кои се случуваа во последните неколку години во Сирија, со учество на САД, се директно прекршување на критериумите на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации во однос на територијалниот интегритет и суверентитет на Сирија.

Во исто време, Иранската војска почна ненајавена воена вежба во северозападниот дел на земјата што се граничи со Турција. Техеран го засилува военото присуство и на југот каде што отвори нова воздухопловна база со најсовремена технологија којашто ќе го штити Персискиот Залив.

Сејед Абдолрахим Мусави - Генерал-Мајор на Иранската војска

Имаме капацитет да се спротивставиме на секаква закана против нашата земја. Ние ќе ги штитиме правата од непријателот и ќе си обезбедиме победа во иднината. Се надеваме на сигурност, благосостојба и стабилност за целиот регион и муслиманските земји.

Обединетите Нации повторно предупредија дека единственото решение за сирискиот конфликт е политичкиот процес според резолуцијата 2254 на Советот за безбедност.