СИРИЈА

Жртви во турската офанзива на североистокот

10.10.2019 13:20

„Извор на мирот“ – акција против Курдите и ИД

Жртви во турската офанзива на североистокот на Сирија, НАТО бара да не се загрозува борбата против терористите на Исламска Држава.. ЕУ без официјален став за најновите случувања на Блискиот исток.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди да не се загрозува борбата против Исламска држава на Блискиот Исток. Турција, којашто е меѓу клучните членки на Алијансата, веќе почна офанзива во североисточна Сирија во која веќе има цивилни жртви. Операцијата „Извор на мирот“ е насочена против Курдите и терористи на ИД во северна Сирија.

Јенс Столтенберг - Генерален секретар на НАТО

Нашиот сојузник Турција се соочува со криза и оправдано е загрижена. Претпре ужасни терористички напади, а сега вдоумува милиони сириски бегалци. НАТО е известен за тековна операција во северна Сирија. Турција мора да се однесува со одредена воздржаност, и да се осигура дека секоја акција е пресметана.

Челникот на Белата куќа Доналд Трамп им порача на турските власти дека ќе им ја уништи економијата доколку ги ликвидираат Курдите – клучниот сојузник на Американците во борбата против терористите. Според него, интервенцијата на Блискиот исток е најголемата грешка на САД.

Доналд Трамп - Претседател на САД

Ние му кажавме на претседателот Ердоган како се чувствуваме. Ние немаме војници во регионот, излегуваме од бесконечните војни. Некој конечно мораше да ја донесе таа одлка.

Претседателот Ердоган тврди дека Анкара има право да спроведе прекугранична операција во соседна Сирија, благодарение на договорот потпишан во турскиот град Адана во 1998 година.

Арапската лига ќе има вонреден состок в сабота по барање на Египет. Каиро со осуда за операцијата на Турција против, како што пишува египетското МНР, „неприфатлив напад врз суверенитетот на братска арапска земја“.

Прекин на офанзивата бара и ЕУ.

Федерика Могерини - Шеф на Европската дипломатија

Оваа војна може да заврши само со посредство и вистинско помирување во сириското општество. Конфликтот може да заврши само со суштинска политичка транзиција, договорена од страните во Сирија под покровителство на Обединетите Нации. Целата Унија стои обединето зад оваа цел.

Но дел од пратениците во Европскиот парламент се скептични во однос на решителноста и подгтовеноста на Брисел да преземе конкретни чекори за да се спречи уште една катастрофа за сирискиот народ.

Алис Кунке - Член на партијата на Зелените, Шведска

Лани ЕУ и продаде на Турција оружје во вредност од 2,8 милијарди евра. Дали сега ќе ни гарантирате дека земјите-членки ќе престанат да извезуваат оружје во оваа земја, и дека 2 милиона сириски бегалци ќе можат да заминат од областа којашто ја окупираат? Што ќе направи ЕУ со трите милијарди евра ветени за Анкара и бегалската политика?

На барање на пет европски држави,  Советот за безбедност на ОН разговара за ситуацијата во Сирија.