Законот за инспекциски надзор

28.10.2019 11:54

Врз основа на  член 19-д став 5 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/10, 162/10, 157/11, 147/13, 41/14, 33/15, 193/15, 53/16, 11/18, 83/18 и 120/18) :

„Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на испитот и јавноста се информираат за датумот и времето на полагање на испитот, најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб страницата на Инспекцискиот совет и Јавниот радиодифузен сервис.“

Инспекцискиот совет ги известува кандидатите кои се пријавиле на Јавниот повик за пријавување на кандидати за полагање на испит за инспектор во третата испитна сесија за 2019 година, бр.02-787/3  објавен на 3.10.2019 година, дека испитот ќе се одржи во просториите на Испитниот центар на Правен факултет Јустинијан Први ,, Универзитет св. Кирил и Методиј, бул: Гоце Делчев 9б 1000, во Скопје,во следниве термини:

7.11.2019 година  со почеток од:

-        09.00 часот-прв термин

-        11.50 часот-втор термин

-        14.40 часот-трет термин

Листите со имињата на кандидатите и предвидените термини можете да ги видите на веб страната на Инспекцискиот совет http://is.gov.mk.

 

Љубица Лилиќ Тодоровска

 

Инспекциски совет