Закон за приватно обезбедување

28.10.2019 11:55

Во врска со обврската од чл.24-б, ст.5. од Закон за приватно обезбедување (Сл.весник на РМ бр. 166/2012, 164/2013, 148/2015, 193/2015):

„Кандидатите за полагање на испитите од ставот (4) на овој член и јавноста се информираат за датумот и времето на полагањето на стручните испити, најмалку осум дена пред одржување на испитите преку веб страницата на Министерството за внатрешни работи и Јавниот радиодифузен сервис.”  

Во прилог го доставувам соопштението за објава :

Комората на РМ за приватно обезбедување организира:

  • Полагање на стручен испит за ФИЗИЧКО обезбедување, кое ќе се одржи на: 08.11.2019 година, со почеток во 16.00 ч.