ИЗВЕСТУВАЊЕ

04.11.2019 09:22

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои го имаат положено стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, првиот дел – теоретски дел  од стручниот испит за застапници во осигурување на ден 24.10.2019 година, дека вториот дел – практичен пример од стручниот испит за застапници во осигурување ќе се одржи на ден 15.11.2019 година во период од 14:00 до 16:00 часот.

Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:

Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.

Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, односно осигурителен брокер можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050