РОДИТЕЛСТВО

Не постојат совршени родители

06.11.2019 12:36

Никој од нас не е совршен, а знаеме добро колку е тешко да се биде родител. Но она што можеме да направиме е да се потрудиме да имаме повеќе такви моменти, можеме да се потрудиме да бидеме подобри личности и подобри родители

Децата сакаат да е се по нивно. Но повеќе од тоа сакаат само една работа. Сакаат родители кои ги сакаат безусловно. Родител кој не им вика кога ќе погрешат, кој е смирен и трпелив, дури и кога тие се лути и нерасположени. Сакаат родител кој ги контролира своите емоции, кој ги слуша и сочуствува со нив, дури и кога се виновни, кога се безобразни или кога се расправаат со братот или сестрата. Сакаат родител кој во нив го гледа само најдоброро, кога ниту тие  самите не знаат што е тоа. Замислете растење со таков родител. Тоа е се што сакаат децата. Но се разбира, таков родител не постои. Никој од нас не може да биде таков родител 24 часа на ден. Сепак ние сме само луѓе. Никој од нас не е совршен, а знаеме добро колку е тешко да се биде родител. Но она што можеме да направиме е да се потрудиме да имаме повеќе такви моменти, можеме да се потрудиме да бидеме подобри личности и подобри родители. Кога ќе згрешиме, а тоа сигурно ќе му се случи на секој од нас, да се обидеме повторно. Да не отстапуваме од себе и од патот по кој сме тргнале како добар родител. Но ако сметате дека имате простор за напредок и дека почесто можете да бидете таков позитивен родител, можеби е време да се прашате како можете да си помогнете на тој пат. Повеќето родители се уверуваат дека утре ќе биде подобро, си ветуваме дека ќе се потрудиме повеќе, мислиме дека не сме доволно добри. Но тоа чувство не не прави подобар  родител. Дури и одлуката да престанеме да им викаме на децата нема да ги променат работите ако не си осигураме околина во која можеме да работиме на себе за да останеме смирени и да ги контролираме сопствените емоции. Ако имате цвеќе кое овенува, тоа што сте се развикале на него нема да му помогне повторно да почне да расте. Морате да сфатите што му недостасува. Можеби му треба повеќе вода, повеќе сонце или поголема саксија. Истите работи се однесуваат и на нашите деца, но и на нас самите. Затоа наместо да сте лути на себе или да се сожалувате дека ви е тешко, застанете и размислите што можете да направите за да се поддржите самите себе на патот кон родител каков што сакате да бидете. Можеби ви треба повеќе сон. Можеби имате проблем со викањето на децата и ви треба поддршка за да престанете. Можеби треба да успорите за да бидете помалку под стрес и да можете да уживате во времето кое го поминувате со своите деца. Можеби ви треба поддршка ви вид на фејсбук групи на родители кои имаат слични проблеми или добра книга со совети за родителството. Можеби ви треба време за да се посветите сами на себе. Понекогаш ставете се себе си на прво место, бидејќи ако не се погрижиме за себе, како би можеле да се грижиме за своите деца? Секоја од овие работи бара да се потрудиме околу неа. Но ако навистина сакаме да напредуваме како личност и како родител, секоја секунда вложена во работа на себе повеќекратно ќе ни се исплати. Иако деновите со децата ни се чинат долги, нивното детство, всушност е многу кратко. Секој ден со вас, детето создава спомени и учи. Неговиот мозок се развива, тоа се формира како личност. Ги поставува темелите за својот живот и односите кои ќе ги гради со другите луѓе. Не бидете под притисок дека треба наеднаш  да станете нова  личност, бидејќи тоа не е возможно. Но најголемиот напредок доаѓа од многу малечките чекори. Така создаваме навики, а навиките на подолг рок менуваат се. Направете план, ако треба и запишете што ви треба за да си  ја дадете поддршка која ви недостасува. Тргнете со првиот чекор, полека но сигурно.Само така можеме да станеме подобри личности и подобри родители.