Настанок и смрт на универзумот
Утревечер во амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопското астрономско друштво организира предавање со тема „Настанок и смрт на универзумот.

Најверојатно, многу пред појавата на цивилизациите, луѓето си поставувале прашања за тоа кои сме, од каде доаѓаме и која е целта (ако воопшто постои) на нашето постоење. На некои од овие прашања, тие одговорите често ги наоѓале во религиозни толкувања и догми. Со зголемување на знаењето низ вековите, а особено со рапидниот подем на науката во 20-тиот век, отпочна ера на научно објаснување на Универзумот во кој живееме. На предавањето ќе се зборува за теоријата на Големиот Прскот (Биг Бенг), како дошло до неа и како таа се развива и менува низ децениите, а ќе се опфатат и сценаријата за тоа како нашиот Универзум би можел да „заврши“.
