ГЕВГЕЛИЈА

Разговор со Сашо Поцков- градоначалник на општина Гевгелија

06.11.2019 12:51

Богата празнична програма по повод 7- ми Ноември, Ден на ослободување на Гевгелија

Со богата празнична програма Гевгелија го одбележува-7 ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот.Неколку дневното чествување на овој голем ден за гевгеличани беше повод за средба со градоначалникот, г-динот Сашо Поцков, со кој поразговаравме за празничната програма чиј покровител е Општината,за доделувањето на наградата  „7 Ноември“ што на најзаслужните граѓани јубилејно им се доделува секоја петта година , а разговорот со него го искористивме да поразговараме и за дел од најзначајните проекти на општината на кои интензивно се работи.

“Пред две години избравме Гевгелија да биде модерен, европски и зелен град.
Како стратешки цели беа утврдени капиталните инвестиции во патната и комуналната инфраструктура, подобрување на квалитетот на живот, оддржлив економски и еколошки развој, финансиската консолидација на општината и кадровско екипирање.Реализираните проекти и активности  потврдуваат дека ваквите цели се остварени.Но, не беше доволно само да се гледа финиширањето на веќе започнатите проекти, туку да се изменаџира нивната конечна реализација. Културниот живот значително е збогатен со нови манифестации и настани од областа на музичката, театарската, филмската, ликовната и алтернативната уметност и книжевност.Паралелно, со спортските активности, беше извршено опремување на Градскиот стадион во Гевгелија и уредување на нови детски игралишта.Во центарот на Гевгелија обновено е и уредено детското катче, со нова урбана опрема, а ќе биде освежен и Градскиот парк кај железничка станица.Детски игралишта се уредуваат и во повеќе населени места. Градот  е на добар пат за приклучување кон европските текови.По еколошки и инфраструктурно обезбедените предуслови, наша цел е во наредниот период заинтересираните инвеститори да ги реализираат веќе најавените проекти”, истакна Сашо Поцков- градоначалник на општина Гевгелија

Гевгелија е град во кој што се инвестира и постојано се гради ,град што расте во модерен европски , здравстевен и туристички центар. По повод 7 ми Ноември, Денот на ослободувањето на градот, наградата за животно дело постхумно ќе му биде доделена на музичкиот педагог Александар Попов за значајни постигнувања во областа на музичката уметност, развојот на музичката култура кај младите и за афирмацијата на општина Гевгелија. За значајни постигнувања во изминативе пет години, Советот одлучи да додели две златни плакети од кои едната на музичките професори Љубица и Ѓорге Улишеви и другата на граѓанското здружение „Тера“ за развој и афирмација на општината преку манифестацијата „Смоквијада“. Годинава, ќе бидат доделени три сребрени плакети и тоа на фолклорните ансамбли „Бојмија“ од Гевгелија и „Танец“ од Миравци за долгогодишно негување на македонскиот фолклор,како и на театарската група „Дон Кихот“ од Гевгелија за постигнувања во областа на театарската уметност.

Јасмина Никова