Регионална конференција за вмрежување на македонската дијаспора
Изминатиов викенд во Скопје се оддржа првата Регинална конференција за вмрежување на дијаспората, организирана од Агенцијата за иселеништво.

Целта е поврзување на иселеничките организации,институциите од Република Северна Македонија и малцинските групи во државава.
На отворањето поздравни говори имаа министерот за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов.
На дневен ред беа значајни теми како,акциониот план за национална стратегија за соработка со дијаспората,програмата Еразмус,туризмот,социолошкиот аспект и придобивките од вмрежувањето.
Учесниците на Конференцијата од Романија, Турција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија не само што имаа можност да се запознаат и да дискутираат на овие теми, туку имаа и едеинствена можност да се запознаат меѓусебе и да воспостават соработка во иднина.
