Ветерот на бесконечноста
Преку музика и игра својата приказната ја раскажаа 420 деца на возраст од 4-5 години...

Во празнувањето на Јубилејот 500 години постоењето на Куманово најмалите жители учествуваа со спектакуларна програма. Децата од Детска градинка „Ангел Шајче“ го прославија празникот на градот со слет насловен како „Ветрот на бесконечноста“.
Преку музика и игра својата приказната ја раскажаа 420 деца на возраст од 4-5 години. Музичка приказна за почетоците на градинката, за негувањето на традицијата и нејзиниот развој како гордост на градот. Приказна раскажана преку четири формации. На почеток ја претставија традицијата во формација на кратенката „КУ“, современото етно во формација на бројот 500, времето на поп денс во формација на логото на градинката „Ангел Шајче“ и за крај група ветер којашто во формација на знакот на бесконечност ја испрати пораката дека тие се ветрот на бесконечноста.
На настанот присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој имаше и свое обраќање, како и директорката на ЈОУ Детска градинка Ангел Шајче, Марина Алексовска.
Радмила Гиевска
