Одложено судењето за случајот „Монструм“
Еден од поротниците имал смртен случај, па за де не го враќа од почеток процесот, судечкиот судија Ставрев одлучи судењето да продолжи друг ден.
Се одложи судењето за случајот „Монструм“. Еден од поротниците имал смртен случај, па за де не го враќа од почеток процесот, судечкиот судија Ставрев одлучи судењето да продолжи друг ден.
На ова реагираа родителите на убиените момчиња кај Смилковско па тие од судијата побараа од наредниот пат да закажува по неколку рочишта месечно. Судијата Ставрев ги уверуваше дека ќе направи се што може за да зафати повеќе термини.
Тој ги информираше обвинетите дека нивните телефони ги дал на вештачење во МВР во мај на што му било одговорено дека во моментов само нив ги истражуваат и оти наскоро ќе има наоди.
Двајцата главни обвинети, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се уште не се екстрадирани од Косово. А до сега од илјадниците разговори и пораки кои беа слушнати во процесот нема ништо конкретно што го разјаснува ова петкратно убиство.
