Сведок за „Ласкарци“ го смени првичниот исказ

11.11.2019 13:11

Халили рече дека на ништо не се сеќава за кобниот автобус кој го управувал од 2007 до 2014 година на истата релација.

Сведокот Бесник Халили поранешен возач во „Дурмо Турс“негираше се што кажал пред јавниот обвинител пред неколку месеци за несреќата кај Ласкарци. Халили рече дека на ништо не се сеќава за кобниот автобус кој го управувал од 2007 до 2014 година на истата релација.

Посочи- „не сум толку интелигентен да го кажам ова“. Со тоа го негираше исказот пред обвинител кој запишал дека сведокот кажал дека во автобусот имало уред, копче за манипулација со тахографот.

Халили сега вели дека воопшто не знаел за ваквиот уред, иако пртетходно на обвинителот му опишал каде стои ова копче. Тврдел дека тој лично го носел тахографот на сервисирање во фирма во Скопје по наредба на еден од обвинетите, Ремзи Мифтари, но сега рече дека на ништо не се сеќава.

Одбраната реагираше дека обвинителот се обидува да извлече нешто од сведокот што не го кажал. Во несреќата во февруари загинаа 16 лица, а над 20 беа повредени.