Национална стратегија

Презентирана националната стратегија за развој на еднаквост и интеркултурализам

11.11.2019 13:13

Докажавме дека имаме политичка и општестевна волја за решавање спорови, може да докажаме оти умееме да бидеме и модел за успешно фунцкионално општество еднакво за сите- презентирана Националната стратегија за развој на еднаквост и инетркултурализам, стратешки документ врз кој ќе се зајакнува комуникацијата мегу заедниците, велат од Владата.

Со Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам ќе се создаваат можности различните заедници во земјава, меѓусебно да соработуваат и да се надополнуваат. Потребен е дијалог и меѓусебно почитување, докажавме дека имаме политичка и општествена волја за решавање спорови, можеме да докажеме оти умееме да бидеме модел и за успешно и фунционално општество, еднакво за сите- оцени министерот без ресор Едмон Адеми.

Во спроведувањето на стратегијата се вклучени министерства, агенции, управи и други институции. Ќе се работи во седум области, правниот систем, образованието, младите, културата, локалната самоуправа, медиумите и социјалната кохезија.

Ќе се надоградуваат капацитетите на институциите, ќе се ревидираат учебници, а ќе бидат донесени и нови закони, посочуваат надлежните.

Во подготовка на текстот на стратегијата биле влкучени 140 невладини организации и експерти.

Наташа Гркова- Петрушевска