БОЛИВИЈА

Реакции по оставката на Моралес

12.11.2019 12:56

Поранешниот претседател на Боливија го прифати понудениот политички азил во Мексико ден откако поднесе оставка по насилните протести поради изборните неправилности. На Твитер порача- Боли заминувањето од Боливија, но ќе се вратам со повеќе сила и енергија. Оставката на Моралес треба да биде одобрена од законодавното собрание, но одржувањето на седницата е неизвесно поради нередите на улиците...

Оставката на боливискиот лидер Ево Моралес е важен момент за демократијата на западната хемисфера, којшпто треба да им послужи како пример и на останатите јужноамерикански држави каде што,владеат нелегитимни режими“оцени американскиот претседател Доналд Трамп. Лидерот на Венецуела, Николас Мадуро тврди дека Белата куќа го финансирала државниот удар во Боливија, нагласувајќи дека тоа било практика на САД во последните 100 години наменета за Латинска Америка и за Карибите.

„Оваа заседа против Моралес произлегува од империјализмот на САД и сега велат дека ќе ги средат Венецуела и Никарагва. Тогаш, предупредете го народот! Ајде да одиме да се бориме, сакате ли војна? Ние ќе се бориме за мир, за нашата земја, за суверенитетот и за Боливарската револуција на Венецуела“, изајви Мадуро.

Неговиот опонент Хуан Гуаидо не се согласува дека е извшрен удар, туку победа на демократијата. 

„Не знам дали ова беше ветре во Јужна Америка, или ураган на демократијата во Боливија, но денес во Венецуела вдишувам слобода и правда. Погрешно е да се прават среќни и соодветни на потребите паралели само поради некаква идеологија. Не може да зборуваме за државен удар во Боливија. Напротив, ова е природно право на граѓаните да се бранат слободно“, рече Гуаидо.

Ево Моралес поднесе оставка под притисок од војската по насилните протести кои почнаа по спорните избори. Мексико му одобри азил и побара од боливиското МНР да му овозможи, според меѓународното право, слободно да излезе од земјата.  Потпретседателката на Сенатот на Боливија Џенин Агнес изрази подготвеност да ја преземе функцијата и најави распишување на претседателски избори. Боливискиот министер за одбрана Завалета поднесе оставка и застана во одбрана на Моралес кој, според него, никогаш не и наредил на војската да впери оружје во својот народ.

60-годишниот одгледувач на лами и листови на кока дојде на власт во 2006 година. За најниската класа Моралес беше симбол за спасител бидејќи во својот мандат успеа да ја рангира Боливија меѓу земјите со најголем економски раст и со преполовена стапка на сиромашно население. Контроверзите околу неговата политичка личност произлегоа од  амбициозниот  план за зачувување на власта и спротивставувањето на референдум за ограничување на претседателскиот мандат.