Совети за одгледување орхидеи

14.11.2019 12:06

Тешко е да се процени колку видови на орхидеи има, но сите потекнуваат од тропските краишта на Азија и Америка. Карактеристични се големите и убави цветови со пријатен мирис кој потсетува на ванила. Ванилата всушност е посебно обработен плод од една врста орхидеја.

Цветовите на орхидеите не смеат да бидат директно изложени на сонце, секогаш треба да бидат во блага сенка. Орхидеите се распостранети по цел свет, со бројно семејство од преку 20 000 врсти, меѓутоа во културата е познат помал број.

Тешко е да се процени колку видови на орхидеи има, но сите потекнуваат од тропските краишта на Азија и Америка. Карактеристични се големите и убави цветови со пријатен мирис кој потсетува на ванила. Ванилата всушност е посебно обработен плод од една врста орхидеја.

Одгледувањето на тропските видови орхидеи бара посебни услови пред се на составот на земјата. Орхидеите се размножуваат со делење на старите групи, меѓутоа бидејќи тешко поднесуваат оштетување на подземните делови, делењето треба да се направи многу внимателно. Можат да се размножат и со семе но затоа потребни се посебни подготовки. Најчесто тоа се прави во стакларници каде што се одгледуваат орхидеите. 

Инаку кај нас орхидеите можат да се купат како сечено цвеќе посебно или во комбинација со некои додатоци. 

И совет за орхидеите како да ги чуваме во домот: Цветовите не смеат да бидат директно изложени на сонце, секогаш треба да бидат во блага сенка а просторијата каде што се наоѓаат мора редовно да се проветрува, затоа што орхидеите бараат свеж воздух.

Кате Стојановска - Десковска