Изложба „Иновативен фински дизајн“
Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми, од дизајн на информациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па се до иновации во индустријата за мебел.
Вечерва со почеток во 19:00 часот од страна на Амбасадорот на Финска, Кимо Лахдевирта ќе биде отворена изложбата “Иновативен фински дизајн” во Јавна Соба. Оваа изложба се состои од панели на кои е прикажан креативен пристап во решавањето на сложени технолошки проблеми, од дизајн на информациски и комуникациски технологии, бродоградба, дизајн во здравството, па се до иновации во индустријата за мебел.
Автор на изложбата е Јарно Пелтонен, поранешен директор на Музејот за дизајн во Хелсинки. Изложбата „Иновативен фински дизајн“ на која може да се погледнат овие проекти, а и да се научат некои интересни факти за Финска, ќе биде отворена за посетители се до 1 декември, односно до завршувањето на „Skopje Design Week“
Анита Никушева-Јованчев
