Фон дер Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан, без оглед на процесите

21.11.2019 10:07

Урсула Фон дер Лајен им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција на европскиот пат, дека стои зад нив...

Идната претседателка на Eвропската комисија, Урсула Фон дер Лајен им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција на европскиот пат, дека стои зад нив.

„Ние го делиме истиот континент, историја, култура и сме во исто политичко семејство. Ве уверувам дека стоиме покрај вас, без оглед на сите процеси. Ние стоиме покрај вас и сакаме да бидете што е можно поблиски до нас“, изјави таа на Конгресот на Европската народна партија во Загреб.

Нема сомнение околу европскиот начин на живот. Никогаш нема да дозволиме националистите и популистите, кои сакаат да предизвикаат поделба и да ја уништат ЕУ, нагласи Фон дер Лајен.