Колевски: Да не се избрзува со ветингот

21.11.2019 10:11

Претседателот на Советот на јавни обвинители вели дека треба да се размисли дали во овој момент е потребен или не, ветинг на судиите и јавните обвинители.

Ветингот на судиите и обвинителите треба да биде добро осмислен, да не се спроведува набрзина, да се знае кој и како ќе го врши, и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт- изјави за МИА првиот човек на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.

Претседателот на Советот на јавни обвинители вели дека треба да се размисли дали во овој момент е потребен или не, ветинг на судиите и јавните обвинители.

Според него, треба да се осмисли дали ќе биде опфатен само имотниот дел, или ќе бидат опфатени и некои други сегменти за, како што нагласува, да не дојдеме утре во ситуација, наместо да се подобри, да се влоши состојбата во правосудниот систем.