Црвен картон за булингот во училиштата
Одлуката да се стави оваа тема во фокус, доаѓа оттаму што ваквата форма на непосакувано и агресивно однесување, која е најприсутна во училиштата, и не само таму, зема голем замав, алармирајќи дека може да има далекусежни последици врз психолошкото здравје на младите.

Ученичкиот парламент е организација каде што учениците имаат можност да учествуваат во креирањето позитивна клима за работа и за учење, за градење и за негување другарски односи и соработка, како и можност да придонесуваат за нивниот правилен развој и целокупното работење на училиштето и на пошироката заедница.
Во училиштето на организиран начин учениците ги остваруваат своите интереси, преку одредени форми на ученичко организирање. Во активностите на нивните организации се вклучени наставници кои ги помагаат и ги поддржуваат нивните програмски активности.
Во училиштето „Рајко Жинзифов“- Драчево, Скопје согласно со предвидените програмски задачи во ноември 2019 година на една од седниците на Ученичкиот парламент се реализира и работилница на тема „Црвен картон за БУЛИНГОТ во училиштата“. На самиот почеток преку бура идеи се зборуваше за поимот насилство, а потоа се посвети внимание на врсничкото насилство – БУЛИНГ .
Одлуката да се стави оваа тема во фокус, доаѓа оттаму што ваквата форма на непосакувано и агресивно однесување, која е најприсутна во училиштата, и не само таму, зема голем замав, алармирајќи дека може да има далекусежни последици врз психолошкото здравје на младите. Вредностите што треба да се развиваат кај младите се емпатијата, солидарноста, алтруизмот, и затоа придонесот на учениците ќе биде ставање акцент на овој општествен проблем, кој, поради својата природа, не секогаш лесно се детектира и се препознава“.
Учениците поделени во групи изработија паноа на кои ги пренесоа своите ставови, идеи и пораки за врсничкото насилство – БУЛИНГ. Паноата со пораките се поставени на видни места во училишните холови.
Радмила Гиевска
