НАТО

Франција го ратификуваше пристапниот протокол за членство во НАТО, остана уште Шпанија

21.11.2019 12:18

За полноправното членство на Македонија во НАТО останува уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол. Шпанија допрва треба да формира влада, по неодамнешните избори...

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на Твитер објави дека Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО.

„Франција ратификуваше. Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“ напиша Шекеринска на социјалната мрежа.

За полноправното членство на Македонија во НАТО останува уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол. Шпанија допрва треба да формира влада, по неодамнешните избори.

Пред неколку денови генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не очекува процесот на ратификација на членството на Северна Македонија во Алијансата сите сојузници да го завршат до почетокот на декември, но очекува процесот да биде завршен во почетокот на следната година.

За земјава да стане членка документот треба да биде усвоен и во македонското Собрание.