Денеска е Св. Архангел Михаил

21.11.2019 12:25

Пред да го создаде материјалниот свет Господ ги создал ангелите. Тие се гласници Господови, ги пренесуваат Божјите заповеди, затоа на фреските се прикажани со крила...

Црквата го определила овој ден во чест на сите ангели, а најмногу на Св. Архагел Михаил, кој се смета за водач на сите небесни сили.

Пред да го создаде материјалниот свет Господ ги создал ангелите. Тие се гласници Господови, ги пренесуваат Божјите заповеди, затоа на фреските се прикажани со крила.

На почетокот сите ангели биле добри, но некои подоцна станале лоши, ѓаволи.

Еден од нив, Деница, се одметнал од Бога и создал цело невидливо царство небесно. Свети Архангел Михаил го победил и го симнал од небото, затоа е претставен како војвода, со меч во рацете.

Кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога, тој ги собрал и заедно со нив почнал да пее „Свет, свет, свет е Господ Саваот“. Во спомен на овој собир, црквата го востановила празникот Собор на Св. Архангел Михаил.