Притвор за дадилката што тепаше дете во игротека
22.11.2019 10:13
Полицијата ја приведе откако на социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како жена тепа мало дете во детска игротека во Скопје.
Дадилката што го тепаше детето во игротека доби 30 дена притвор, за сторено дело на насилен криминал врз малолетник. Полицијата ја приведе откако на социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како жена тепа мало дете во детска игротека во Скопје.
Случајот во полиција го пријавил сопственикот на игротеката. Детето е на двегодишна возраст, а жената заедно со него чувала уште две други деца.
