Продолжено пријавувањето за ИПАРД огласот

22.11.2019 10:21

Рокот за поднесување на барања за финансиските средства од ИПАРД 2 програмата е продолжен за 15 дена. Земјоделците можат да аплицираат за бизнисите на село, а за инвестицијата корисникот ќе има право на поврат на 65 проценти од вложените пари. Крајниот рок за доставување на документите е до 3-ти декември...

За 15 дена е продолжен рокот за аплицирање за финансиските средства од ИПАРД Програмата. Сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, фарми за зајаци, дивеч, насади за дрва, рибници, отворање на кино, радиодифузно претпријатие во рурални средини, сместувачки капацитети, ресторани и други угостителски услуги можат да ја достават потребната документација за аплицирање на повикот.

Барањата се доставуваат до платежната агенцијата, а средстават се обезбедени од ИПАРД 2 Програмата. Заинтересираните ќе можат да аплицираат за поврат на 65 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција, а на располагање им се обезбедени од 8 до10 милиони евра.

На последниот повик за оваа мерка за развој на мали бизниси се склучени 23 договори со вкупна вредност од 4,3 милиони евра. Целта е да се создадат услови за развој на малите и средни претпријатија и раст на домашната економија. 

 

Методија Трајков