Ново рочиште за „Таргет-Тврдина“

22.11.2019 10:38

На минатото рочиште сведочеше премиерот Зоран Заев, кој објасни како претседател на СДСМ, Верушевски го информирал дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите и дека за тоа првпат слушнал кога станал претседател на партијата СДСМ во јуни 2013 година.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“. Случајот се наоѓа во доказна постапка.

На минатото рочиште сведочеше премиерот Зоран Заев, кој објасни како претседател на СДСМ, Верушевски го информирал дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите и дека за тоа првпат слушнал кога станал претседател на партијата СДСМ во јуни 2013 година.

Заев кажа дека од согледувањето на тие материјали увидел дека во државатa се прави масовно следње на комуникациите, дека тоа се врши надвор од пропишаниот закон, односно без судска наредба и посебни истражни мерки, како и дека масовноста на прислушувањето според негова проценка опфатила над 20 илјади граѓани.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.