Заев со честитка по повод Денот на албанската азбука

22.11.2019 11:11

Премиерот Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук објави видео честитка до припадниците на албанската етничка заедница по повод Денот на албанската азбука...

Премиерот Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук објави видео честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Македонија по повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на албанската азбука.

„Заедно растеме, учиме, се развиваме, 111 години. Честит Ден на албанската азбука!“ се наведува во придружниот текст на видео честитката на Заев.